• сабота, 23 ноември 2024

Борисов: Русија е подготвена за нов договор со Турција за С-400

Борисов: Русија е подготвена за нов договор со Турција за С-400
Москва, 24 јуни 2020 (МИА) - Русија е подготвена да потпише нов договор за испорака на ракетни системи за противвоздушна одбрана С-400 на Анкара, доколку Турција изрази таква желба, изјави денеска рускиот вицепремиер Јуриј Борисов. - Тие имаат таква опција и ние ќе склучиме договор, доколку изразат желба, рече Борисов. Во септември 2017 година, Русија соопшти дека потпишала договор со Турција во вредност од 2,5 милијарди американски долари за испорака на противвоздушни ракетни системи С-400 на Анкара. . Турција е првата членка на НАТО што набавува вакви системи од Русија, а испораката на С-400 до Анкара започна на 12 јули 2019 година. Сепак, одлуката на Турција за набавка на руски ракетни системи С-400  земја- воздух наиде на остри негативни реакции од САД и НАТО. паг/

Остани поврзан