• недела, 22 декември 2024

Борисов разговараше за тензиите во Црно Море со шефот на Воениот комитет на ЕУ

Борисов разговараше за тензиите во Црно Море со шефот на Воениот комитет на ЕУ
Софија, 22 април 2021 (МИА) - Бугарскиот премиер во оставка Бојко Борисов се осврнал на ескалацијата на тензиите во Црното Море за време на состанокот со претседателот на Воениот комитет на ЕУ, генерал Клаудио Грацијано, оценувајќи дека ситуацијата е загрижувачка и потребно е да се одржат разговори на оваа тема. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Борисов, бугарската Влада секогаш ќе биде на страната на евроатлантските вредности, коментирајќи дека меѓу клучните приоритети на Бугарија е гарантирање на безбедноста, сигурна заштита и одбрана на земјата. - Изминатите четири години беа исклучително успешни за бугарската армија, додаде Борисов. Тој го потенцираше интензивниот процес на модернизација кој е во тек во однос на бугарските вооружени сили. Премиерот истакна дека Бугарија е меѓу земјите кои достигнале ниво од два отсто од бруто домашниот производ (БДП) од трошоците за одбрана. Борисов го потсети генералот Грацијано дека Бугарија купила нови повеќенаменски авиони-ловци Ф-16 блок 70 и исто така работи напорно за да купи два нови брода за својата морнарица. Бугарскиот премиер, исто така, се осврна и на растечките очекувања, како во рамките на ЕУ и НАТО, кон улогата на Заедничката политика за безбедност и одбрана на ЕУ во справувањето со новите безбедносни закани и управувањето со кризи. нк/гт/

Остани поврзан