• недела, 22 декември 2024

Борел: Привременото ограничување на влез во ЕУ е да се заштитат сите

Борел: Привременото ограничување на влез во ЕУ е да се заштитат сите
Брисел, 18 март 2020 (МИА) - Високиот претставник на Европска Унија за надворешна работи и безбедност Жозеп Борел синоќа изјави дека привремената мерка за рестрикција на влез на граѓани од трети земји во ЕУ е начин да се забави ширењето на новиот коронавирус. - На овој начин ќе ја забавиме трансмисијата од други земји по враќање на патниците. Ова мерка е со цел да се заштитиме сите, напиша Борел на Твитер. Тој повика на глобална сорботка за решавање на предизвиците од пандемијата. - Зачувување на меѓународниот мир, стабилност и безбедност сега е позначајно од кога било, истакна Борел. Тој најави дека состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел следната недела ќе се одржи преку видео-конференција. ми/

Тагови

Остани поврзан