• вторник, 24 декември 2024

Борел: Обиди за сајбер напади врз критични инфраструктури во ЕУ

Борел: Обиди за сајбер напади врз критични инфраструктури во ЕУ

Брисел, 30 април 2020 (МИА) – Европската Унија ги осудува „малициозните“ обиди за сајбер напади врз земји на ЕУ и критични инфраструктури за време на пандемијата со коронавирусот, јави дописничката на МИА од Брисел.

Во име на целата Европска Унија, високиот претставник за надворешни работи на ЕУ, Јосеп Борел информира дека од почетокот на пандемијата констатирани се бројни обиди и напади врз инфраструктури кои се од суштинско значење за справување со кризата.

- Секој обид да се попречи работењето на критични инфраструктури е неприфатлив, сите одговорни веднаш да престанат со овие неодговорни и дестабилизирачки акции кои можат да загрозат животи, потребно е целиот свет да биде обединет во оваа глобална борба против вирусот, ова е прашање на хуманост и споделени вредности, порача Борел.

Соопштението на Европската Унија не прецизира од кои земји доаѓаат нападите, но уверува дека земјите членки на ЕУ интензивно соработуваат и разменуваат информации за да спречат секакви малициозни активности. Според светските медиуми, обидите за напади доаѓаат главно од Кина и Русија. тм/

Остани поврзан