• сабота, 23 ноември 2024

Борел: Самитот во Прага е обид за создавање на нов поредок без Русија

Борел: Самитот во Прага е обид за создавање на нов поредок без Русија
Прага, 6 октомври 2022 (МИА) - Лидерите на 44 земји денеска од првиот Самит на Европската политичка заедница (ЕПЗ) во Прага ќе испратат јасен сигнал дека Русија е изолирана и ќе се обиде да создаде нов поредок без Москва, изјави шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел. - На состанокот ќе се бара нов поредок без Русија, изјави Борел. Самитот на  ЕПЗ е организиран на иницијатива на францускиот претседател Емануел Макрон. ми/

Тагови

Остани поврзан