• недела, 22 декември 2024

Борел и Јоурова: Новинарите се клучот во борбата против дезинформациите и говорот на омраза 

Борел и Јоурова: Новинарите се клучот во борбата против дезинформациите и говорот на омраза 

Брисел, 2 ноември 2023 (МИА) - Во овие тешки времиња, проследени со војни, конфликти и терористички акти, потсетуваме и ја нагласуваме суштинската улога на новинарите и медиумските работници во борбата за вистината и за човековите права, наведуваат високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и потпретседателката на Европската комисија за Вера Јоурова во заедничката изјава по повод Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста на злосторствата врз новинарите - 2 ноември и 75-годишнината од усвојувањето на Универзалната декларација за човекови права. 

- Новинарите придонесуваат за спротивставување на дезинформациите и говорот на омраза и за контролата на работата на владите и јавните институции. Тие ги расветлуваат воените злосторства и кршењето на човековите права, понекогаш изложувајќи го на ризик и сопствениот живот, се наведува во изјавата. 

Борел и Јоурова жестоко ги осудуваат убиствата, физичките напади, произволните притворања, онлајн и офлајн заплашувањето, вознемирувањето и следењето со кои понекогаш се соочуваат новинарите додека ја вршат својата професија.  

Секоја провокација или агресија против Украина би имала сериозни последици, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, во пораката испратена д

Според нив, медиумите ширум светот и натаму се предмет на упади или затворања, а новинарите се повеќе се мета на законодавства кои ја ограничуваат слободата на изразување и се изложени на судски спорови, со што се ограничува плурализмот и уредувачката независност и се крши слободата на изразување. 

- Не може да има неказнивост за кршење на човековите права и злоупотребите врз новинарите. Повикуваме да се воспостават национални рамки за безбедноста на новинарите, кои вклучуваат елементи за подигнување на свеста, превенција, заштита и кривично гонење, со внимание да се вклучат конкретни мерки за новинарките и припадниците на малцинските групи, се додава во изјавата. 

Борел и Јоурова нагласуваат дека ЕУ останува посветена на поддршката на независните новинари и медиумски работници насекаде во светот.  

УНЕСКО ќе обезбеди 125 шлемови и панцири со натпис „Прес“, за да може најголемиот можен број новинари во Украина да ја имаат таа опрема, соопшти организацијата со седиште во Париз.

- Ќе продолжиме да ги мобилизираме сите дипломатски средства што ни стојат на располагање за да го привлечеме вниманието на поединечни случаи на новинари во притвор или во ризични услови. Исто така, ја основавме ПротектДефендер.еу за да им обезбедиме физичка и дигитална заштита, правна поддршка и згрижување на новинарите, се нагласува во изјавата. 

Претставници на ЕК нагласуваат и дека ЕУ е единствена во ставот за поддршка системот за заштита на човековите права на Обединетите нации, вклучувајќи ги и активностите на Канцеларијата на високиот комесар на ОН за човекови права (ОХЦХР) и на Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО) за промоција на безбедноста на новинарите и за изнаоѓање заеднички решенија. 

- Во рамките на програмата Глобална Европа за човекови права и демократија, ЕУ обезбедува 185 милиони евра за поддршка на независните медиуми, користејќи ја дигитализацијата ширум светот. Заштитата на новинарите значи заштита на сопствените права. Демократијата не може да функционира без слободни и независни медиуми. Затоа и ЕУ презема чекори без преседан за да ги заштити новинарите, нагласуваат Борел и Јоурова, повикувајќи ги земјите членки на ЕУ да ја спроведат Препораката на Европската комисија за безбедност на новинарите. 

Првото јавно обвинителство на Европската унија ќе ја започне својата работа на 1 јуни и ќе почне истрага за криминали поврзани со буџетот на ЕУ, соопшти Европската комисија.

Тие нагласуваат и дека целта на Предлог-законот за слобода на медиумите е да ги заштити медиумската независност и плурализам, како и дека Еврокомисијата презема мерки против тужбите кои имаат за цел да се врши притисок врз новинарите и да се замолчат.  

- Овие законски предлози треба да бидат усвоени брзо за да се подобри амбиентот во кој работат новинарите и медиумите и да се постават глобални стандарди. Европската унија стои зад новинарите ширум светот кои секој ден ја користат својата слобода на изразување за доброто на сите нас, додаваат Борел и Јоурова во заедничката изјава по повод Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста на злосторствата врз новинарите - 2 ноември и 75-годишнината од усвојувањето на Универзалната декларација за човекови права. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан