• вторник, 25 јуни 2024

Болт успешно опериран

Болт успешно опериран

Лондон, 17 јуни 2024 (МИА) - Осумкратниот олимписки златен медалист во спринт и најбрзиот човек на планетата Усеин Болт претрпе успешна операција на Ахиловата тетива.

Јамајканецот се повреди за време на хуманитарен фудбалски натпревар на „Стемфорд Бриџ“ во Лондон.

Повредата Болт ја доби во второто полувреме од натпреварот помеѓу селекцијата на Англија и светската селекција (6:3).

Тој не можеше да го заврши натпреварот и беше изнесен од теренот на носилки. дс

Фото: Фејсбук

Остани поврзан