• петок, 05 декември 2025

Болонаро ќе треба да и плати отштета на новинарката Мело

Болонаро ќе треба да и плати отштета на новинарката Мело
Бразилија, 28 март 2021 (МИА) - Судот во Сао Паоло пресуди дека бразилскиот претседател Жаир Болсонаро да и плати отштета на новинарката Патриша Кампос Мело поради понижувачки изјави против неа. Болсонаро ќе треба да и плати 20.000 реали (околу 3.500 долари) на новинарката на бразилскиот дневен весник „Фолха Де С. Паоло“. Во пресудата се наведува дека Болсонаро во февруари 2020 година „ја оцрнил и и нанел морална штета“ на новинарката Мело со изјавата во која инсинуираше дека таа понудила секс за возврат на негативни информации за него. Поради таа изјава Мело го тужеше претседателот на Бразил. Болсонаро има право на жалба. Мело го тужеше и синот на Болсонаро, Едуард, кој тврдеше дека „се обидела да го заведе“ со цел да добие негативни информации за неговиот татко. Во јануари судот предуди во корист на Мело, а Едуард Болсонаро требаше да и плати 30.000 реали (околу 5.600 долари). ми/

Остани поврзан