Болницата од Кавадарци ќе ја пријави во полиција лажната вест дека починале две млади девојки од КОВИД-19
- Болницата од Кавадарци ќе го пријави во полиција случајот со лажната вест дека починале две млади девојки од КОВИД-19. Ова за МИА го потврдија од Министерството за здравство.

Кавадарци, 28 декември 2020 (МИА) - Болницата од Кавадарци ќе го пријави во полиција случајот со лажната вест дека починале две млади девојки од КОВИД-19. Ова за МИА го потврдија од Министерството за здравство.
Попладнево беше злоупотребен интернет профилот на кавадарчанка, при што во нејзино име беше објавена лажна вест, дека и починале двете ќерки од коронавирус. Беше ставена дури и фотографија, а во лажниот пост стоеше дека никој не сакал да ги прими во болница.
Во моментов пријава за случајот во кавадаречката полиција поднесуваат и двајцата сопружници, чии ќерки беа прогласени за мртви на интернет, за МИА потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. свд/аа/