• четврток, 19 декември 2024

Боксерскиот тренер на Самоа почина во Олимпиското село во Париз

Боксерскиот тренер на Самоа почина во Олимпиското село во Париз

Париз, 27 јули 2024 (МИА) - Боксерскиот тренер на Самоа, Лион Елика Фатупаито, почина во Олимпиското село во Париз, јавува „Франс прес“.

Шеесетгодишниот стручњак почина вчера. Според полицијата, тренерот се чувствувал лошо и доживеал срцев удар, а лекарите не успеале да го спасат.

Репрезентацијата на Самоа ќе има еден боксер на Олимпијадата - Ато Плоџицки-Фаоагали е пријавен во категоријата тежина до 81 килограм.

Боксерскиот турнир на Игрите се одржува без учество на Меѓународната боксерска асоцијација (ИБА), која беше исклучена од бројот на меѓународни спортски федерации признати од ИОК. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан