Божиновска - Атанасовски: Заеднички приоритети за енергетска одржливост и локален развој
- Можностите за имплементација на проекти за енергетска ефикасност, како и потребата од унапредување на енергетската инфраструктура во општина Македонска Каменица, со цел обезбедување енергетска стабилност и одржлив развој на локалните заедници, биле тема на разговор на работната средба на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска со градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски.
Скопје, 24 јануари 2025 (МИА) - Можностите за имплементација на проекти за енергетска ефикасност, како и потребата од унапредување на енергетската инфраструктура во општина Македонска Каменица, со цел обезбедување енергетска стабилност и одржлив развој на локалните заедници, биле тема на разговор на работната средба на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска со градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски.
Македонска Каменица, како рударски регион со значителен енергетски потенцијал, била истакната како пример за локален развој кој може да придонесе кон националните енергетски цели.
-Општините се клучен партнер во напорите за одржлива енергетска трансформација, потенцирала министерката Божиновска.
За исполнување на националните приоритети, како што се наведува во соопштението од Министерството, потребно е преку заеднички проекти и поддршка да се одернизираат локалните енергетски системи и да се создадат нови можности за развој на рударството во согласност со највисоките еколошки стандарди.
Градоначалникот Атанасовски ја истакнал потребата од продолжување на инвестициските активности за подобрување на инфраструктурата во Македонска Каменица за да се обезбеди подобар квалитет на живот за граѓаните и посилен економски развој на регионот.
Министерството за енергетика, како што се посочува во соопштението, останува посветено на развојот на локалните заедници преку инклузивен пристап и проекти кои носат долгорочни придобивки за граѓаните. дма/
Фото: Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини