Богојавление 19 јануари неработен за граѓаните од православна вероисповед
- Богојавление Водици 19 јануари (четврток), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Скопје, 16 јануари 2023 (МИА) – Богојавление Водици 19 јануари (четврток), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Од Министерството им го честитаат празникот Богојавление Водици на граѓаните од православната вероисповед. сст/са/