• петок, 22 ноември 2024

Богоев во посета на фабриката „Костал“

Богоев во посета на фабриката „Костал“

Скопје, 22 февруари 2024

 

Костал вработува 1.050 лица, а минатата година остварила извоз од 130 милиони евра. Подобрувањето на условите за водење бизнис е клучно за проширување на производствените капацитети, извоз на производи со повисока додадена вредност и нови работни места. Царинската управа е партнер на стопанството и преку дијалог со компаниите креираме мерки и политики коишто овозможуваат поголема конкурентност на компаниите. „Костал“ е странска директна инвестиција која има одобрение за крајна употреба што подразбира дека репроматеријалите што ги увезува компанијата за потребите на процесите за производство се со намалена царинска стапка или нула царинска стапка. Исто, одобрението за одобрен извозник што го има им овозможува извоз за пократок временски рок, истакна директорот Стефан Богоев при денешната посета на фабриката за производство на делови и компоненти за автомобилската индустрија „Костал“.

Богоев заедно со директорот на Костал, Виктор Мизо, разговараа за активностите што ги презема Царинската управа како и за новите проекти коишто се реализираат со поддршка на Светска банка и ЕУ, меѓу коишто и Националниот едношалтерски систем.

„Задоволни сме што странските инвеститори препознаа во нас доверлив партнер, при што и јавно преку анкета не наведоа како орган од чија работа се најмногу задоволни. Ќе продолжиме и натаму интензивно да работиме на реализација на ветените проекти во висина од 30 милиони евра чија цел е олеснување на трговијата и транспортот и сузбивање на сивата економија и организираниот криминал“, истакна Богоев.

Директорот на Костал, Виктор Мизо кој воедно е и претседател на Советот на странски инвеститори истакна дека анализата за бизнис инвестицискиот индикатор на Советот на странски инвеститори за 2023 година, покажува дека Царинската управа е најдобра од сите државни институции, којашто секогаш има поддршка, отворена дискусија и транспарентност. Мизо информира дека на средбата од нивна страна е предложено за можна времена мерка за дополнителна хармонизација на царинските стапки за увоз на производи од трети земји, што во нивниот случаи тоа е најчесто Азија, a што ќе доведе до зголемување на конкурентноста.

Во рамки на посетата на компанијата „Костал“ воедно и беше врачен сертификат од Светската царинска организација за успешна соработка со Царинската управа.

Царинска управа

Фото и видео: Царинска управа

Изјава Стефан Богоев: https://youtu.be/yFfhIOjb99Y

Изјава Виктор Мизо: https://www.youtube.com/watch?v=aXdiPYmN2sY

 

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан