Богат културен викенд на „БитФест“ во Битола
- Битолското културно лето „БитФест“ продолжува со нови културно забавни содржини организирани од Општина Битола. Вечер на платото пред градската Пошта ќе биде отворен дводневен „Стрит фуд фестивал“, а утре на плоштадот „Магнолија“ ќе се одржи традиционалната манифестација „Мото 2025“.
Битола, 8 август 2025 (МИА) - Битолското културно лето „БитФест“ продолжува со нови културно забавни содржини организирани од Општина Битола. Вечер на платото пред градската Пошта ќе биде отворен дводневен „Стрит фуд фестивал“, а утре на плоштадот „Магнолија“ ќе се одржи традиционалната манифестација „Мото 2025“.
-На манифестацијата „Стрит фуд фестивал“ годинава домашни кулинарски производи ќе бидат изложени на шест посебни штандови. Ова поднебје е богато со оригинална македонската храна и рецепти кои веруваме ќе предизвикаат посебен интерес кај гостите од странство, како и кај иселениците од прекуокеанските земји и западна Европа, кои деновиве се во голем број во нашиот град, истакнаа од „БитФест“.
Според програмата, во забавниот дел вечер пред градска Пошта ќе настапат „Нала бенд“ и „Деспина“, а утревечер поп-ѕвездата Виктор Апостоловски и „Икс бенд“.мт/вј/
Фото: Општина Битола