• петок, 22 ноември 2024

Бобан Николовски ја презеде функцијата директор на Царинска управа

Бобан Николовски ја презеде функцијата директор на Царинска управа

Скопје, 1 јули 2024 (МИА) - Бобан Николовски денеска ја презел функцијата директор на Царинска управа од својот претходник Стефан Богоев, кој на оваа позиција беше од јуни минатата година.

- Спроведување реформски мерки и политики за постигнување висок и одржлив економски раст, борба со криминалот и сузбивање на корупцијата и сивата економија, предвидливо даночно и регулаторно опкружување и намалување на парафискалните давачки за компаниите како и целосна дигитализација и СМАРТ Царина како дел од владините приоритети за смарт Македонија, се само дел од нашите цели, порачал Николовски, се наведува во соопштението од Царинската управа.

Николовски е вработен во Царинската управа веќе 15 години, а на функцијата директор доаѓа од позицијата пратеник во македонското Собрание. цр/дма/

Фото: Царинска управа

Остани поврзан