• сабота, 20 јули 2024

Блинкен: Разговаравме и за поддршката на Западен Балкан на евроатлантскиот пат

Блинкен: Разговаравме и за поддршката на Западен Балкан на евроатлантскиот пат

Брисел, 29 ноември 2023 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека на состанокот на министрите за надворешни работи на членките на НАТО во Брисел се разговарало и за тоа како да се зголеми помошта за поддршка на евроатлантската иднина на Западен Балкан.

Тој на Твитер напиша дека НАТО алијансата е обединета.

-За време на состанокот на министрите за надворешни работи опфативме многу - од нашите очекувања на самитот во Вашингтон следната година, до тоа како можеме да го продлабочиме нашето партнерство со Украина, до тоа како можеме да помогнеме во поддршката на евроатлантската иднина на Западен Балкан, рече Блинкен. мс/

фото: „Х“

Остани поврзан