• четврток, 11 јули 2024

Блатер за Мундијали на секои две години: Идиотизам, лошо е за фудбалот, календарот е веќе преоптоварен

Блатер за Мундијали на секои две години: Идиотизам, лошо е за фудбалот, календарот е веќе преоптоварен
Лондон, 24 јануари 2022 (МИА) - Поранешниот претседател на Светската фудбалска асоцијација, Џозеф Блатер ја критикуваше идејата за одржување на Мундијал на секои две години. - Идиотизам, не може поинаку да се нарече. Има и моја вина, бидејќи кога првпат бев избран за претседател на ФИФА реков дека можеме да го одржуваме Светското првенство на секои две години. Но, луѓето околу мене рекоа дека грешам. Календарот е веќе преоптоварен. Треба да играат најдобрите, но веќе се преоптоварени со натпревари за клубови и игри во репрезентацијата. ФИФА се базира на клубови, а не на репрезентации. Тоа е глупост. Светско првенство на секои две години е невозможно, тоа е лошо за фудбалот, порача Блатер. Против Светско првенство на две години се произнесува и голем број фудбалски ѕвезди кои се жалат и на сега густиот натпреварувачки календар. зс/

Остани поврзан