• петок, 15 ноември 2024

Бланке: Во Франција информатички напади го нарушуваат учењето од далечина

Бланке: Во Франција информатички напади го нарушуваат учењето од далечина
Париз, 6 април 2021 (МИА) - Во Франција денеска повторно е воведено учење од далечина со цел да се спречи ширењето на Ковид-19. Но, наставниците, родителите и учениците пријавија проблеми поради недостапни или неисправни сервери, јави дописникот на МИА. Францускиот министер за национално образование, Жан-Мишел Бланке изјави дека станува збор за „информатички напади кои очигледно доаѓаат од странство за да го спречат функционирањето на серверите. Тој го посочи примерот со страницата ЦНЕД „Моето училиште дома“. - Техничката работа е во тек за да се врати ситуацијата во нормалата, додаде Бланке. Учењето од дома и минатата година почна лошо, со преоптоварени мрежи и недостапни работни места. Тешкотиите се решија по неколку дена. Бланке сега уверуваше дека сè е подготвено. - Утрово идентификувавме проблеми со конекциите во Ил-де-Франс, во Гранд-Ест, во Нормандија, кон Орлеанс-Турс и на виртуелната страница на ЦНЕД, изјави претставничката на најголемиот синдикат на средните училишта Снес-ФСУ, Софи Венетај. Таа додаде дека ситуацијата е иста како и минатата година, и оти не е научена лекцијата од лани. тг/ми/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан