• недела, 22 декември 2024

Бијонсе со видеоспот ги повика Американците да гласаат

Бијонсе со видеоспот ги повика Американците да гласаат

Лос Анџелес, 6 ноември 2024 (МИА) - На денот на претседателските избори во САД, а првпат по неколку години, Бијонсе објави ново музичко видео. Новиот спот е насловен „Beywatch“ и ја претставува ар-ен-би и поп-пејачката маскирана како Памела Андерсон, во пресрет на Ноќта на вештерките. Таа ја пее песната „Bodyguard“ на Каубој Картер и ги охрабрува луѓето да гласаат на изборите, пред да им посака среќен „Бијловин“. 

Кованицата „Бијловин“ е спој од името на Бијонсе и „Халовин“.

Последните музички спотови на Бијонсе беа извадени од нејзиниот видеоалбум „Black Is King“, како и нивните претходници од филмот „Лимонада“ (Lemonade). Нејзиниот последен самостоен видеоспот беше за песната „Formation“ во 2015 година.

Издавањето на „Beywatch“ следи по нејзиното појавување минатиот месец на митингот на Камала Харис во Хјустон, каде што таа и поранешната колешка од составот „Дестини'с чајлд“ (Destiny's Child) - Кели Роуланд одржаа говор. Бијонсе претходно ѝ дала дозвола на Харис да ја користи нејзината музика во предизборната кампања.  си/мс/

Фото: Јутјуб

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан