• петок, 05 декември 2025

Битолчанец се удавил во Охридското езеро

Битолчанец се удавил во Охридското езеро

Скопје, 28 август 2025 (МИА) - Четириесетидеветгодишен Битолчанец се удавил вчера во водите на Охридското Езеро. 

Како што информираат од полицијата, на 27 август во 12.55 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро бил пронајден починат В.Т.(49) од Битола. Од страна на лекар констатирана била смрт како последица на давење во вода.

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Струга, а по наредба на Јавен обвинител по извршената обдукција телото е предадено на семејството. ев/бак/

ФОТО: Архива

Остани поврзан