Битолските пожарникари спасија заглавено лице на дрво во Градскиот парк
- Пожарникари од Територијалната противпожарна единица-Битола спасија заглавено лице на дрво во Градски парк.
Битола, 8 август 2025 (МИА) - Пожарникари од Територијалната противпожарна единица-Битола спасија заглавено лице на дрво во Градски парк.
Од ТППЕ-Битола информираа дека интервенирале со едно возило и четворица пожарникари откако синоќа добиле дојава за непријатната случка со заглавено лице на дрво во битолскиот Градски парк.
Екипа на ТППЕ-Битола интервенираше и изгасна запалено возило на патот за локалното населено место Братиндол.
-Во гаснењето на запаленото возило беа вклучени едно пожарникарско возило и три пожарникари, потврдија од ТППЕ- Битола. мт/мд/
Фото: МИА