Битолските кандидати за градоначалник потпишаа Кодекс за фер и демократски избори
- Битолските кандидати за градоначалник денеска во присуство на претседателот на Општинската изборна комисија Игор Талевски, потпишаа Кодекс за фер и демократски локални избори во Општина Битола.
Битола, 26 септември 2025 (МИА) - Битолските кандидати за градоначалник денеска во присуство на претседателот на Општинската изборна комисија Игор Талевски, потпишаа Кодекс за фер и демократски локални избори во Општина Битола.
Кодексот го потпишаа две жени и шест мажи, односно Габриела Илиевска поддржана од група избирачи и Мирјана Мирчевски од група избирачи и Македонска ера трета, Македонски независни листи суверенисти, Васко Деловски поддржан од група избирачи, Зоран Николовски поддржан од група избирачи, Ќире Димов од ТМРО, Јорго Огненовски од партијата Демократи, Методија Куновски кандидат за градоначалник на коалицијата предводена од СДСМ и Тони Коњановски, кандидат на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО ДПМНЕ.
Со потпишаниот Кодекс, учесниците во изборниот процес се обврзаа дека ќе ги почитуваат сите закони, правила и прописи кои се релевантни за изборите и ќе го почитуваат владеењето на правото при организирањето и спроведувањето на изборите. мт/фф/
Фото: МИА