• недела, 22 декември 2024

Битиќи на средба со жители од Гази Баба: За нас е важна комуникацијата со граѓаните

Битиќи на средба со жители од Гази Баба: За нас е важна комуникацијата со граѓаните
Скопје, 31 август 2021

Во рамки на теренските активности кои ги спроведува СДСМ, потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи, актуелниот градоначалник и кандидат за градоначалник на СДСМ на Гази Баба, Борис Георгиевски вечерва на маалска средба ги поздравија и поразговараа со жителите од населбата Ченто, Општина Гази Баба.

- За нас како политичка партија е многу битна комуникацијата со граѓаните која во континуитет ја практикуваме. Се што СДСМ прави е одговор на барањата и потребите кои произлегуваат токму од вас. Заедно со вас одлучуваме кон што ќе се насочиме, кој ќе бидат нашите приоритети. Затоа и овој пат на предстојните локални избори СДСМ ке ја даде најдобрата програма соодветна за секоја општина дополнително поткрепена со вистинската личност која ќе ја предводи вашата општина и ќе овозможи реализација на програмата. За општина Гази Баба тоа е актуелниот градоначалник Борис Георгиевски, истакна Битиќи, кој притоа се надоврза на досегашната реализација и учинок како на централно така и на локално ниво.
“Владата на СДСМ во изминатиов предиод вложи над 11.500.000 евра за унапредување на патната инфраструктура, односно инвестираше во над 32 км патишта во Општина Гази Баба. Патот Илинден-Хром, Јурумлери-Долно Лисиче-Драчево, реконструкцијата на булеварите Александар Македонски и Благоја Стефковски се само дел од тие инвестици. Во Гази Баба се реконструираа сите основни училишта и 11 детски градинки а дополнително изградивме и нова градинка во Стајковци,  со што се прошири капацитетот и условите за развој на намалите. Тука се и инвестициите во комуналната инфраструктура во водоводи, канализации. Во Јурумлери се гради најсовремената канализација во нашата држава. Во изминативе 4 години во Гази Баба се рализирани вкупно 50 проекти, а во фаза на реализација се дополнителни 40 проекти.  Дали е доволно?! Ќе речам, не. Но е многу повеќе за разлика од претходно. Минималната плата денеска изнесува нешто над  15.000 денари. Дали е доволно?! Не. Но е многу повеќе од 9000 денари минимална плата која ја затекнавме. За 4 години бележиме раст на повеќе од 6.000 денари и на минималната и на просечната плата која денес изнесува 28.744 денари. Ета затоа СДСМ и градоначалникот Борис Георгиевски се убедлив фаворит на изборите, бидејќи го прават најдоброто и ќе продолжат уште подобро и  во наредните 4 години”- порача потпретседателот Битиќи од населба Ченто.
СДСМ ќе продолжи да работи во интерес на државата, во интерес на граѓаните, да го испорачаме ветеното, да обезбедиме подобар живот за сите граѓани, во секој град, во секое село, во секој дом во земјата!
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
_____________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан