• среда, 25 декември 2024

Битиќи и Николовски од Струмица: Наскоро стартува изградба на откупни центри во Струмица и Ресен за поддршка на земјоделство

Битиќи и Николовски од Струмица: Наскоро стартува изградба на откупни центри во Струмица и Ресен за поддршка на земјоделство

Скопје, 17 декември 2023

Нашата цел како Влада е да стимулираме зголемено домашно производство на земјоделски производи, но и вреднување на трудот на земјоделците, порача во Струмица потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи.

На трибината „Повеќе за сите“, Битиќи рече дека заедно, сплотени, ги надминавме предизвиците и ја зачувавме економската сигурност на сите, и сега преку финансиската помош со новите антикризни мерки во вредност од 662 милиони евра ги поддржуваме граѓаните, младите, студентите, учениците, пензионерите, ранливите лица, компаниите во овие кризни времиња. 

Потпретседателот на СДСМ, Битиќи, рече дека една од главните цели на пакетот антикризни мерки е да издејствува зголемено домашно производство на земјоделски производи. 

„Нашата цел е зголемено домашно производство на земјоделски производи, но и вреднување на трудот на земјоделците. Со новиот пакет е предвидена авансна исплата на субвенции преку ИПАРД програмата, и тоа за 40.000 земјоделци кои имаат посеви со полјоделски и градинарски култури, лозови и овошни насади и кои се занимаваат со сточарството. За оваа мерка предвидени се 8,1 милиони евра“, рече Битиќи.

Потпретседателот Битиќи посочи дека од независноста до денеска, немало поголем антикризен пакет со толку голема финансиска помош кон граѓаните и компаниите.

„Ние во СДСМ сме горди на тоа. Само со 9 те пакети ние имаме над 2 милијарди евра пари вратено кај граѓаните. Но, кога велиме дека со СДСМ секој добива повеќе не мислиме само на антикризните мерки. Доколку се спореди со времето на ДПМНЕ нема сегмент во којшто СДСМ нема подобар резултат, и тоа драстично подобар. Повеќе за сите е и фактот што СДСМ ја покачи мини малната плата од 9.000 денари во времето на ДПМНЕ на 20.000 денари. Тоа е повеќе за сите, поголема минимална плата за 120%, од кога СДСМ е на власт. Повеќе за сите е и тоа што СДСМ ја зголеми просечната плата за 63,5% односно за над 15.000 денари. Во времето на ДПМНЕ просечната плата беше 22.000 денари, колку што изнесуваше во јануари 2016 година на сега е веќе 37.000 денари“, рече Битиќи.

Овој месец сите земјоделци добиваат авансна 30% субвенција, од 2024 година поддршката за зелена нафта достигнува 100%.
Преку конкретни мерки и политики изминативе години Владата предводена од СДСМ, во дело, покажа дека е искрен и верен партнер на земјоделците. Заедно партнерски со земјоделците, слушајќи го нивниот глас, ги креираме мерките и даваме повеќе поддршка за сите земјоделци. Веќе од овој месец стартува авансната исплата до 30% од субвенциите за сите земјоделци, новост која ја за пр пат се реализира, предвидена со новиот модел за субвенционирање. Поддршка вредна 8,1 милион евра, намената за над 40.000 земјоделци.

Овие пораки ги упати членот на ЦО на СДСМ и министеро за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на трибината во Струмица  додавајќи дека земјдоелците најдобро знаат, дека најсигурни се тогаш кога СДСМ ја води власта.

„Сведоци сте сите вие дека денес нема повеќе слекција и партиски списоци во земјоделството. Сведоци сте дека во еден ден, со едно решение се испалаќаат субвенциите до сите земјдоелци. Креиравме нов модел кој дава поголема поддршка за земјоделците. Повеќе за секој еден земјоделц. За прв пат авасно 30% од субвенците ќе ги добиваат сите земјоделци во тековната година. Ги насочуваме змејоделците да го произведуваат она што е стратешко за државата, поттикнувајќи го договорното прозиводство. Ги мотивираме да остварат поголем принос и своето домашно прозиводство да го дадат во домашните капацитети или сами да подготват финален производ“, исткана Николвоски во обраќањето.

Тој сподели убава вест со присутните земјдоелците, за стартот со изградба на откупните центри во Струмица и Ресен. Капитални проекти кои уште повеќе треба да го развијат и помогнат македонското земјоделство.

„На 25 декември во Владата ќе бидат потшишани договорите со што запоќчнува и официјано изградбата на откупните центри во Струмица и Ресен. Веќе го потпишавме договорот и активностите започнаа за изградба на логистичко дистрибутивната платформа во Скопје. Овие капитални проекти даваат шанса повеќе за сите земјоделци“, исткана Николвоски.

Николовски на трибината „Повеќе за сите“ во Струмица најави уште една важна мерка која дава повеќе поддршка за сите земјоделци.

„Уште едно наше ветување успешно го заокружвуаме. Пред земјдоелците ветивме зелена нафта и денес таа е реалност. Денес оваа наша мерка ја следат и други земји од регионот. Веќе во следната 2024 година поддршката за мерката зелена нафта достигнува до 100% за секој еден земјоделец. Ветување кое го дадовме пред вас, и го исполнуваме“, заклучи Николовски.

СДСМ Центар за комуникации со јавноста

________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: СДСМ

Остани поврзан