• недела, 22 декември 2024

Бислими: Владата не гарантирала дека во нацртот за ЗСО нема прекршувања на Уставот на Косово

Бислими: Владата не гарантирала дека во нацртот за ЗСО нема прекршувања на Уставот на Косово

Приштина, 12 декември 2023 (МИА) – Вицепремиерот и главен преговарач на Косово во дијалогот со Белград, Бесник Бислими изјави дека Владата досега не гарантирала дека нацрт-статутот на Заедницата на српски општини во државата (ЗСО), подготвен од западни експерти, не го прекршува Уставот на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Бислими во денешното интервју за РТВ21 рече дека е работа на Уставниот суд да процени дали според нацрт-статусот ЗСО ќе има извршни овластувања или не.

- Уставниот суд одлучува дали нацрт-статутот на Заедницата предвидува извршни овластувања за општините со српско мнозинство. Владата не гарантира дека нема уставни прекршувања. Ние кажавме дека ова е нацрт што ни го донесоа меѓународниците, а не го изготвивме ние, меѓународниците рекоа дека тој нема извршни овластувања и ние не сме Уставен суд, затоа негова должност е да каже дали има или не. Ако има, треба да кажат дека ова треба да се смени, изјави Бислими.

Тој нагласи дека „нема имплементација на договорот (за ЗСО) без потпис од српска страна“ на последниот, основен договор од Брисел и анексот за негова имплементација од Охрид, постигнати на почетокот на годинава меѓу косовскиот премиер Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ. иа/паг/

Остани поврзан