• недела, 22 декември 2024

Биното: Многу жалиме што проблемот на пит-стоп го лиши Фетел од местото во Топ 10

Биното: Многу жалиме што проблемот на пит-стоп го лиши Фетел од местото во Топ 10
Имола, 2 ноември 2020 (МИА) - Шефот на Формула 1 тимот Ферари, Матија Биното изрази жалење за пропуштената шанса Себастијан Фетел да освои бодови на вчерашното Гран-при на Емилија-Ромања. Тој му се извини на германскиот пилот. - Себастијан имаше и силна трка, и многу ни е жал што проблемот на пит-стоп го лиши од место во топ 10 и шанса да заработи вредни бодови. Очигледно, ние го консолидиравме напредокот што беше забележан на последните трки - особено кога станува збор за тркачкото темпо на патеки со многу различни карактеристики. Ова е важно за преостанатата трка, како и за следната сезона, истакна Биното. Првиот оперативец на Ферари, им ја честита титулата на Мерцедес, седма по ред во конкуренција на коструктори во шампионатот во Формула 1. - Би сакал да му честитам на Мерцедес за освојувањето на трофејот кај конструкторите. Ни претстои долг пат да се бориме повторно за овие цели, кои толку често ги постигнувавме во нашата историја, но ние цврсто веруваме дека сме способни за тоа, заклучи Биното. зс/

Остани поврзан