• понеделник, 23 декември 2024

Бил собори НБА-рекорд стар 60 години

Бил собори НБА-рекорд стар 60 години
Њу Орлеанс, 28 јануари 2021 (МИА) – Кошаркарот на Вашингтон, Бредли Бил, ноќеска на натпреварот со Њу Орлеанс (106:124) постави уникатен антирекорд во НБА-лигата. Дваесет и седумгодишниот Американец стана првиот кошаркар во историјата на лигата кој изгубил 10 натпревари по ред, кога постигнал 40 или повеќе поени. На натпреварот против Пеликанс, Бил постигна 47 поени, но не му помогна на неговиот тим да го избегне поразот. Претходно, рекордот му припаѓаше на Волт Белами, кошаркарот го постави пред 60 години (9 порази по ред, сезона 1961/1962). Вашингтон се најде на последното, 15. место на табелата во Источната конференција со три победи и 11 порази. Во сезоната 2020/2021, Бредли Бил има просек од 34,4 поени, 5,4 скока и 4,8 асистенции по натпревар. зс/

Тагови

Остани поврзан