Бизнис настан SUBEX- Suppliers Balkan Expo
- Во организација на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија денеска и утре во Скопје ќе се одржи бизнис настан SUBEX - Suppliers Balkan Expo.
Скопје, 15 ноември 2022 (МИА) - Во организација на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија денеска и утре во Скопје ќе се одржи бизнис настан SUBEX - Suppliers Balkan Expo.
Целта на овој бизнис настан е поврзување на домашните компании добавувачи од металната, електро, ИТ, текстилната, дрвната и прехранбената индустрија од Северна Македонија со компании купувачи од Германија, Грција, Турција, Романија, Албанија и Косово.
- Со најновите случувања во Европа и промените во глобалниот синџир на добавувачи, сметаме дека настан како SUBEX е одлична можност да се даде поддршка на домашните стопанственици од преработувачка индустрија, велат организаторите.
На настанот денеска ќе се обратат министерот за економија Крешник Бектеши и Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство. ев/бак/