• четврток, 04 декември 2025

Бизнисменот Херинсалама Раџонаривел именуван за нов премиер на Мадагаскар

Бизнисменот Херинсалама Раџонаривел именуван за нов премиер на Мадагаскар

Антананариво, 20 октомври 2025 (МИА) - Водачот на државниот удар во Мадагаскар, полковникот Мајкл Рандријанирина, денеска го назначи бизнисменот и консултант Херинсалама Раџонаривел за нов премиер на земјата.

Рандријанирина во петокот положи заклетва како претседател, само неколку дена откако ја презеде власта во оваа островска земја по протестите предводени од младите од генерацијата Z ,кои го принудија неговиот претходник да ја напушти земјата.

Објаснувајќи го својот избор за премиер, претседателот го наведе неговото искуство и врски со меѓународните организации.

Поранешниот претседател Андриј Раџоелина, кој беше соборен од пратениците откако минатиот викенд избега во странство, го осуди воениот преврат и одби да се повлече додека е во егзил, и покрај тоа што Уставниот суд го ратификуваше превземањето во рок од неколку часа, објавија британските медиуми.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан