• понеделник, 04 ноември 2024

Беќировиќ: НАТО останува клучен приоритет за БиХ

Беќировиќ: НАТО останува клучен приоритет за БиХ

Сараево, 1 февруари 2024 (МИА) - Доближувањето до членството во НАТО останува клучен надворешнополитички приоритет за БиХ, а Алијансата е подготвена да и помогне на таа земја да го заштити нејзиниот територијален интегритет и суверенитет, изјави денеска во Сараево, Денис Беќировиќ, член на Претседателството на БиХ по средбата на членовите на државниот врв со амбасадорите на земјите членки на НАТО кои се и членки на Северноатлантскиот совет (НАЦ).

Целиот состав на НАК, предводен од заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоан, е во дводневна работна посета на БиХ. Овој сигнал е испратен во време кога официјални лица од западните земји предупредуваат дека Балканот може да биде директно загрозен доколку не се потисне руската агресија врз Украина.

Беќировиќ рече дека ова е најважниот надворешнополитички состанок за БиХ од почетокот на годинава и дека е многу охрабрен од она што го слушнал на него.

-Тие рекоа дека цврсто стојат зад БиХ, нејзината независност, суверенитет и територијален интегритет и сите јасно кажаа дека го осудуваат секој повик за отцепување, изјави Беќировиќ.

Беќировиќ рече дека и покрај блокадите, ќе се инсистира на членство во НАТО бидејќи БиХ „не е неутрална, туку е јасно определена“ и дека властите ги усвоиле сите потребни документи за влез во Алијансата. Тој исто така изјави дека проруските политичари во Босна и Херцеговина го загрозуваат мирот во регионот и директно го повика Додик.

Тој рече дека затоа побарал од членките на НАК да го забрзаат приемот на Босна и Херцеговина во НАТО.

На средбата со членовите на НАК присуствуваа само Беќировиќ и актуелниот претседавач со Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, а не дојде српскиот член и блиската соработничка на Додик, Жељка Цвијановиќ. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан