• четврток, 11 декември 2025

Беќири: Играме против екипа која била дел од Лигата на шампионите

Беќири: Играме против екипа која била дел од Лигата на шампионите

Скопје, 10.декември 2025 (МИА) – Македонскиот шампион Шкендија утре игра нов натпревар од групата во УЕФА Конференциската лига. Во Скопје гостува Слован Братислава и ова е воедно последниот натпревар на Шкендија како домаќин во Скопје.

-  Играме против една исклучително квалитетна екипа која ланската сезона играше и во Лигата на шампионите. Ние како на секој натпревар овде во Скопје, секогаш играме квалитетно, па се надевам дека и утре како екипа ќе бидеме на едно добро ниво. Мора да кажам дека тие се лесен фаворит во хартија, но ние секогаш покажавме дека можеме да се носиме со секој противник, овде на домашен терен. Се надевам дека и утре ќе бидеме ние екипата која ќе се радува на крајот натпреварот, изјави тренерот на Шкендија Јетон Беќири.

Натпреварот Шкендија – Слован Братислава се игра утре (четврток) на Националната Арена „Тодор Проески“ со почеток во 18:45 часот. мн/

Фото: Фејсбук ФК Шкендија

Остани поврзан