• петок, 22 ноември 2024

Бесплатен превоз за кумановци до крајот на јуни идната година

Бесплатен превоз за кумановци до крајот на јуни идната година

Куманово, 27 декември 2023 (МИА) - Кумановци ќе се возат бесплатно уште шест месеци до крајот на јуни идната година, одлучи мнозинството советници на последната седница на општината. Од општинскиот буџет за оваа намена одвоени се 30 милиони денари или над 486.200.31 евра, скоро половина милион евра.

Предлогот пред советниците го образложи помошникот раководител Момчило Јовановски кој кажа дека се воведуваат уште две нови стојалишта во близина на Спомен костурницата и на „Народна револуција“ во близина на фабрика за текстил. Воедно, дел од средствата три милиони денари (48.620 илјади евра) се одвоени за превоз помеѓу општините Куманово и Старо Нагоричане.

Опозицијата повторно реагираше и бараше оваа одлука да се преиначи, бидејќи како што кажа советникот Миле Андоновски го поддржуваат бесплатниот превоз треба да оди по купен билет при што граѓаните ќе имаат увид како и зошто се трошат нивните пари.

- Да за поддршка на линиски превоз, не по изминат километар, кажа Андоновски.

И советникот Никола Лазаревски рече дека имаа аномалии кои ги забележале граѓаните како што е прескокнат возен ред.

Јовановски кажа дека овие аномалии ги проверува кумановската инспекција. На превозниците им се исплаќа 40 денари по километар.

Дел од граѓаните пак реагираат дека одредени категории граѓани ја злоупотребуваат мерката и бараат од превозниците, учениците да имаат предност при користење на превозот во термините кога почнува првата и втората смена во средните и основните училишта од градот. Дел од кумановци сметаат дека е прескап проект кој е во интерес исклучиво на жителите од приградските населби. Кумановци реагираа за одлуката, укажувајќи дека е потребно општината да формира претпријатие за вршење на дејноста.

Од општината наведуваат дека на овој начин се ублажува економската криза за сите учесници во општинскиот линиски превоз и произлегле повеќе бенефити како што е подобрување на семејниот буџет на кумановци, намалување на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје. Првата одлука за функционирање на бесплатен автобуски превоз беше донесена во декември 2022 со почеток на функционирање од 1. јануари 2023. Во неколку наврати беше донесена измени и дополнувања на одлуката. ам/ир

Фото: МИА и општина Куманово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан