• недела, 22 декември 2024

Беса ги повика своите гласачи во вториот круг да гласаат за кандидатите на Алијансата за Албанците и очекува реципроцитет

Беса ги повика своите гласачи во вториот круг да гласаат за кандидатите на Алијансата за Албанците и очекува реципроцитет
Скопје, 25 октомври 2021 (МИА) - Генералниот секретар на Движењето Беса, Арјанит Хоџа денеска апелираше до гласачите на оваа партија во вториот круг на локалните избори да ги поддржат кандидатите за градоначалници на Алијансата за Албанците, со цел, како што рече, да „помагнат во политичкиот пораз на ДПА и ДУИ“. - Исто така, бараме од Алијансата за Албанците реципрочно да ги повика своите гласачи да ги поддржат кандидатите на Беса. Политичката сцена во наредните години мора да се промени. Затоа, сакаме заедно да ја водиме и да ја направиме оваа промена, рече Хоџа на денешната прес-конференција. Тој посочи дека Движењето на Беса во континуитет развива одржливи политики кои гарантираат политичка стабилност во земјата и ја следи евроатлантската насока на државата. - На последните локални избори се докажа дека правилните политики нја Движењето Беса се поддржани од граѓаните и тие се во духот на градење професионална политичка структура, која со сигурни чекори ја гради новата политичка генерација во државата. Анализирајќи ги најновите случувања на политичката сцена, како и старо-новата коалиција меѓу ДУИ и ДПА за вториот круг на локалните избори, се наметнува јасниот став на Движењето Беса против политиките на овие две политички партии, кои без никаков принцип и против волјата на своите гласачи се принудени да соработуваат само за да се заштитат едни со други, потенцира Хоџа. фф/сп/

Остани поврзан