• четврток, 19 декември 2024

Берош најави нов пристап во кампањата за имунизација

Берош најави нов пристап во кампањата за имунизација
Загреб, 8 јули 2021 (МИА) - Хрватскиот министер за здравство Вили Берош денеска најави нов пристап во кампањата за имунизација преку предавања и едукација за сите граѓани, како вакцинираните така и невакцинираните против Ковидд-19. Тој наведе дека експерти ќе предаваат за најновите сознанија, ќе одговараат на прашања и ќе ги решат сомнежите на оние кои не сакаат да се вакцинираат. - Предавањата ќе бидат задолжителни, бидејќи тие се одржуваат како дел од образованието за безбедност при работа, истакна Берош. Тој потенцира дека не е задоволен од бројот на вакцинирани во неговиот ресор и додаде дека бројот е под 35 проценти. Берош истакна дека во ЕУ веќе размислува оние што ќе ја одбијат вакцината да ги сносат трошоците за лекување, додавајќи оти  Хрватска нема да се движи во таа насока. ми/

Остани поврзан