• петок, 05 декември 2025

Беровскиот градоначалникот Пекевски на средба со амбасадорката на Швајцарија по повод завршувањето на нејзиниот мандат

Беровскиот градоначалникот Пекевски на средба со амбасадорката на Швајцарија по повод завршувањето на нејзиниот мандат

Берово 18 јули 2025 (МИА) - Во знак на долгогодишната и плодна соработка, градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, денеска оствари средба со амбасадорката на Швајцарија во Северна Македонија, Н.Е. Вероник Улман Марти, по повод завршувањето на нејзината дипломатска мисија во земјата.

На средбата, која се одржала во пријателска и срдечна атмосфера, било истакнато значењето на швајцарската поддршка за локалниот развој, одржливиот туризам, социјалната заштита, управувањето со животната средина и зајакнувањето на демократијата на локално ниво.

Градоначалникот Пекевски искажал благодарност за реализираните проекти со швајцарска поддршка, оценувајќи ја Швајцарија како еден од најискрените партнери на општината и регионот.

-Амбасадорката Улман ќе остане запаметена како искрен пријател на Берово и дипломат кој секогаш бил отворен за иницијативи од терен“, истакна Пекевски, упатувајќи ѝ желби за успех во идните ангажмани.

Од своја страна, амбасадорката Улман како што додаде тој, се заблагодарила за соработката со локалната самоуправа, изразувајќи уверување дека партнерството помеѓу Швајцарија и Берово ќе продолжи да се развива и во иднина.

Средбата, според Пекевски, е симболична потврда за значењето на меѓународната соработка на локално ниво и заложбите за продолжување на позитивните практики и заедничкиот напредок. вс/фф/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан