• петок, 22 ноември 2024

Бербок: Берлин ја следи ситуацијата во Полска по експлозијата во близина на границата со Украина

Бербок: Берлин ја следи ситуацијата во Полска по експлозијата во близина на границата со Украина
Берлин, 15 ноември 2022 (МИА) -  Шефицата на германската дипломатија,  Аналена Бербок, изрази жалење поради експлозијата во која загинаа две лица во слео во Полска во непосредна близина на границата со Украина, јави ДПА. „Моите мисли се со Полска, нашиот близок сојузник и сосед“, напиша таа на Твитер доцна вечерва. „Внимателно ја следиме ситуацијата и сме во контакт со нашите полски пријатели и сојузниците во НАТО“, додаде таа. ДПА пренесува дека НАТО и американското Министерство за одбрана (Пентагон)  соопштија дека работат на утврдување што се случило во селото Пржеводов, неколку десетици километри од Украина. Владата во Варшава вечерва одржува кризен состанок и допрва треба да ја понуди својата верзија на настаните. Според непотврдени извештаи во полските медиуми, проектил бил причина за експлозијата, пренесува ДПА. сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан