• среда, 17 јули 2024

Бенфика го донесе најскапото засилување во историјата

Бенфика го донесе најскапото засилување во историјата
Лисабон, 5 септември 2020 (МИА) - Уругвајскиот фудбалер Дарвин Нуњез потпиша договор со Бенфика, објави португалскиот клуб. 21-годишниот напаѓач дојде од шпанска Алмерија за 24 милиони евра и со тоа стана најскапото засилување на Бенфика во историјата. Нуњез потпиша петгодишен договор, а откупната клаузула е 150 милиони евра. Алмерија исто така ќе добие 20% од следната продажба. Минатата сезона, во втората шпанска лига, Сегунда, тој одигра 30 натпревари и постигна 16 погодоци со две асистенции. Дебитираше за репрезентацијата на Уругвај и постигна еден гол. Бенфика со доведување на Нуњез ги победи бундеслигашките клубови, откако Волфсбург понуди 20 милиони, а Лајпциг беше многу заинтересиран.

Тагови

Остани поврзан