• понеделник, 23 декември 2024

Бензините поскапуваат за еден, а дизел горивата за два денара по литар

Бензините поскапуваат за еден, а дизел горивата за два денара по литар

Скопје, 31 јули 2023 (МИА) – Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар за литар, а цената на дизел горивата се зголемува за два денара, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,12 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 85,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 87,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 76,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 75,5 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 1,204 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 43,542 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 1,79 отсто, кај дизелот за 3,634, кај екстра лесното масло за 3,668 и кај мазутот за 3,143 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот, пак, по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,422 отсто. вј/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан