• петок, 22 ноември 2024

Бензините поевтинуваат за половина денар

Бензините поевтинуваат за половина денар

Скопје, 1 октомври 2024 (МИА) -  Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)  од ноќеска на полноќ  поевтинуваат за 0,5 денари, а нема промена на цената на дизелот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС - 95  ќе изнесува 74,50 денари, а 76,5 денари на ЕУРОСУПЕР БС - 98. Литар Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе се продава за 67 денари, а дизел гориво останува со истатата цена, 67,50 денари за литар.

Се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, за 0,155 денари за килограм  и ќе чини 41,672 денари. 

Со Одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,19 проценти во однос на одлуката од 23. месецов.

Како што образложува РКЕ, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,339 проценти, кај дизелот зголемувањето е за 0,612 проценти, кај екстра лесното масло исто има зголемувањето од 2,039 проценти додека кај мазутот има намалување за 0,206 проценти.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,2553, посочува РКЕ.лв/цр

фото: МИА архива 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан