• понеделник, 23 декември 2024

Бензините поевтинуваат за денар, а дизелот за половина денар по литар

Бензините поевтинуваат за денар, а дизелот за половина денар по литар

Скопје, 13 ноември 2023 (МИА) – Бензините и Екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се намалува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,06 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 80 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 82, Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 76,5, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 77,5 денари за литар.  Со одлуката на РКЕ за 0,411 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 43,332 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,435 отсто, кај дизелот за 5,152, кај екстра лесното масло за 1,608 и кај мазутот за 1,143 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,06 отсто. вј/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан