Белорусинот Ихар Боки најуспешен параолимпиец во историјата
- Белорускиот пливач Ихар Боки (30) стана најуспешниот спортист во историјата на Летните параолимписки игри, откако на Игрите во Париз го освои 20. златен медал во кариерата.
Париз, 3 септември 2024 (МИА) – Белорускиот пливач Ихар Боки (30) стана најуспешниот спортист во историјата на Летните параолимписки игри, откако на Игрите во Париз го освои 20. златен медал во кариерата.
Боки ја освои својата 20. параолимписка титула на 50 метри слободно во категоријата Ц13, во која се натпреваруваат спортисти со оштетен вид.
„Белорусинот Мајкл Фелпс“, како што многумина го нарекуваат во Париз, се натпреварува под неутрално знаме, а во Париз победи и на 100 метри пеперутка, 100 метри грбно и 400 метри слободно.
Белорусинот во својата колекција собра вкупно 20 златни медали, еден сребрен и еден бронзен, надминувајќи го канадскиот пливач Мајкл Едгсон, кој има 18 златни и три сребрени одличја.
Севкупна рекордерка е американската пливачка Триша Зорн-Хадсон со 55 медали, од кои 41 златни. ег ФОТО: Фејсбук