• сабота, 23 ноември 2024

Белгија бележи рекордно низок број на фирми во стечај во 2020 година

Белгија бележи рекордно низок број на фирми во стечај во 2020 година

Брисел, 21 јануари 2021 (МИА) - Во текот на изминатата година, 32 отсто помалку фирми отишле под стечај во 2020 во споредба со претходната година, соопштија белгиските судски власти.

Само седум илјади приватни компании пропаднале во текот на 2020 година во Белгија, последен пат толку ниска стапка е регистрирана во 2005 година.

Причината за ова се мерките за заштита на Владата воведени на почетокот од кризата со Ковид-19 во март. Една од овие мерки, прогласена при првиот целосен локдаун на земјата, беше целосен мораториум за стечај, укинат кон средината на јуни и повторно воведен во втората половина од годината, со рестриктивните мерки за вториот бран од Ковид-19.

Во 2020 година регистрирана е и најниска стапка на лица кои останале без работа во последните петнаесет години во главниот град Брисел.

Сепак, повеќето фирми кои отишле под стечај се мали и многу мали претпријатија, со мал број  вработени. тм/ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан