• понеделник, 04 ноември 2024

Бела Торн со критики до „Дизни“

Бела Торн со критики до „Дизни“
Лос Анџелес, 23 февруари 2021 (МИА) - Глумицата Бела Торн, поранешна ѕвезда на „Дизни“, ја нападна продукциска куќа поради стандардите што таа, наводно, им ги наметнува на децата. - Тешко е да се биде совршен во очите на Дизни. И затоа мислам дека не е во ред тоа што „Дизни“ им покажува на децата дека сѐ е толку совршено, рече таа за „Фокс њуз“. Таа натаму додава дека тоа е многу тешко да се постигне, барем за неа. - Само сакам да го работам тоа што никој друг не го прави, продолжи Торн. Глумицата, инаку, се прослави со хитот на „Дизни“ - „Shake it up“ (Размрдај се), заедно со Зендеја, но изгледа дека таа повеќе не ја поддржува филмската куќа што ја претстави пред светот. - Кога растат, децата не треба да гледаат во совршени луѓе. Тие треба да ја видат реалноста. Треба да ги видат различностите, шаренилото!, додаде таа. По „Дизни“, Бела Торн и натаму „си го наоѓа своето место под Сонцето“ како актерка, но и како „инфлуенсерка“.  си/сд/

Остани поврзан