• среда, 10 јули 2024

Бекатон плочи за повеќе улици во општина Кисела Вода 

Бекатон плочи за повеќе улици во општина Кисела Вода 

Скопје, 18 јули 2022 (МИА) - Општина Кисела Вода денеска соопшти дека се одвива акција за поплочување на улиците со павер елементи на територија на цела општина. 

Во моментов се поплочуваат улици низ урбaната заедница Пинтија на површина од околу 1500 квадратни метри. Се работи на четири улици на кракот 18 од улицата „Саса“. Со градежни активности се опфатени и неколку улици во населбата и во селото Драчево, на површина од околу 500 квадратни метри.

Во изминатите две седмици со бекатон се поплочува кракот на улицата „Киро Фетак“, а до крајот на оваа недела ќе биде завршено поплочувањето и на кракот на улицата „Солунска Глава“.

-Градежните активности за подобрување на естетиката, но и функционалноста на улиците не само во овие, туку и во другите месни и урбани заедници, ќе продоли со несмалена динамика и во наредниот период, се наведува во соопштението од општина Кисела Вода. мд/цр

Остани поврзан