• среда, 08 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Без струја утре делови од Центар, Карпош и Ѓорче Петров, без вода потегот од булеварот „8 Септември“ до раскрсницата со улицата „Никола Тесла“

Без струја утре делови од Центар, Карпош и Ѓорче Петров, без вода потегот од булеварот „8 Септември“ до раскрсницата со улицата „Никола Тесла“

Скопје, 29 мај 2025 (МИА) - Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа утре без електрична енергија ќе бидат делови од општините Центар, Карпош и Ѓорче Петров, а поради уличен дефект без водоснабдување ќе бидат корисниците на потегот од булеварот „8 Септември“ до раскрсницата со улицата „Никола Тесла“. 

Од Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на информации од ЕВН Македонија, информираат дека од 09 до 13 часот без стуја ќе бидат корисниците од улицата „Владимир Полежиновски“ и дел од улицата „Стефан Јакимов -Дедов“ во општина Центар, а од 09 до 14 часот дел од корисниците од улицата „Франце Прешерн“ во општина Карпош. Од 10 до 14 часот без електрична енергија ќе бидат дел од потрошувачите на улицата „Исаија Маџовски“ и дел од крстопатот со булеварот „Васил Чакаларов“ во општина Ѓорче Петров.

Според информациите од јавното претпријатие „Водовод и канализација“, од 09 часот до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците лоцирани на потегот од бул. Осми Септември до раскрсница со ул. Никола Тесла. во општина Карпош. бак/ев/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан