Без струја корисници во Аеродром и Студеничани
- Без електрична енергија денеска од 9 до 15 часот ќе останат корисниците од ул. „Тодор Чангов“ крак – 5, Општина Аеродром, како и корисниците на потегот од Китка кон Солунска Глава, вклучувајќи ги и викендиците на Китка и местата: Алдинци, Преслап, Палиград и Караџица, Општина Студеничани.
Скопје, 22 мај 2025 (МИА) - Без електрична енергија денеска од 9 до 15 часот ќе останат корисниците од ул. „Тодор Чангов“ крак – 5, Општина Аеродром, како и корисниците на потегот од Китка кон Солунска Глава, вклучувајќи ги и викендиците на Китка и местата: Алдинци, Преслап, Палиград и Караџица, Општина Студеничани.
Прекинот во снабдувањето е поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, информира РЦУК – Скопје.лв/
фото:МИА архива