Без струја дел од општините Сарај и Илинден
- Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија денеска ќе бидат дел од корисниците од општините Сарај и Илинден.
Скопје, 7 јули 2025 (МИА) - Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија денеска ќе бидат дел од корисниците од општините Сарај и Илинден.
Како што информира РЦУК – Скопје, од 08:30 до 13:00 часот без струја ќе бифат дел од корисниците од село Кондово во општина Сарај, а од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од ул.„ 534“ и ул. „531“ во село Марино во општина Илинден. дма/
Фото: МИА архива