Без струја делови од Центар, Аеродром, Сарај и Бутел
- Без струја денеска од 9 до 11 часот ќе бидат објектите во околината на Транспортниот центар, односно делови од улиците: Мирче Ацев и Никола Карев, Општина Центар, а од 9 до 12 часот делови од ул. Ѓорѓи Капчев, Општина Аеродром, и од село Никиштани, Општина Сарај.
Скопје, 15 мај 2025 (МИА) - Без струја денеска од 9 до 11 часот ќе бидат објектите во околината на Транспортниот центар, односно делови од улиците: „Мирче Ацев“ и „Никола Карев“, Општина Центар, а од 9 до 12 часот делови од ул. „Ѓорѓи Капчев“, Општина Аеродром, и од село Никиштани, Општина Сарај.
Најавен е прекин во снабдувањето со електрична енергија и на објектите во околината на БОРА ПЕТРОЛ во Индустриската зона - Качанички Пат, Визбегово, Општина Бутел, од 11 до 14 часот.
РЦУК Скопје соопшти дека прекинот е поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа најавени од ЕВН Македонија.лв/
фото:МИА архива