Без вода утре корисниците од улица „Тетовска“
- Засегнатите ќе немаат вода за пиење од 8:30 часот, до завршување со работните активности.

Скопје, 20 ноември 2024 (МИА) - Поради изведување водоводен приклучок на улицата „Тетовска“ број 33, утре прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од оваа улица, информираат попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Засегнатите ќе немаат вода за пиење од 8:30 часот, до завршување со работните активности. бд/са/
Фото: МИА архива