Без вода улиците „Руди Чајавец“, „Пандил Шишков“, „Вангел Тодоровски“, „Коста Новаковиќ“ и „Фрањо Клуз“
- Како што соопшти ЈП Водовод и канализација - Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:30 часот до санирање на дефектот.
Скопје, 13 октомври 2025 (МИА) - Поради дефект на затварач Ф-100 мм на улица „Руди Чајавец“ бр.20 во населба Аеродром, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Руди Чајавец“, „Пандил Шишков“, „Вангел Тодоровски“,„Коста Новаковиќ“ и „Фрањо Клуз“.
Како што соопшти ЈП Водовод и канализација - Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:30 часот до санирање на дефектот.
Фото: МИА архива